Студентка сведочеше: Почетокот на пожарот во Пулс бил снимен со нејзиниот телефон
Ѓорѓиева кажа дека виралното видео од почетокот на пожарот е снимено со нејзиниот телефон, но никој тогаш не мислел дека ситуацијата ќе стане сериозна.
Published on 22.04.2026 | vesti | Reads: 123
На судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани сведочеше студентката Теа Ѓорѓиева. Таа изјави дека пиротехниката била донесена околу еден часот по полноќ и поставена многу блиску до бината и публиката.
Ѓорѓиева кажа дека виралното видео од почетокот на пожарот е снимено со нејзиниот телефон, но никој тогаш не мислел дека ситуацијата ќе стане сериозна. Според неа, огнот почнал од искрите на пиротехниката што го зафатиле горниот дел од објектот.
Иако бендот ги повикал присутните да излезат, многумина останале внатре, а паниката започнала кога луѓето масовно тргнале кон излезот. Таа раскажа дека била заглавена во гужвата и беспомошна на земја. Судењето продолжува со изведување докази и сведочења од доктори по судска медицина.
It is not allowed to use the contents without prior approval from @Makedonija.uk
|