Почнаа изборите за претседател на Иран, во изборната трка учествуваат четворица кандидати
Во Иран денеска се одржуваат претседателски избори, распишани по смртта на претседателот Ебрахим Раиси во хеликоптерска несреќа.
Published on 28.06.2024 | svet | Reads: 125
Граѓаните избираат еден од четворицата кандидати кои се лојални на врховниот верски водач, ајатолахот Али Хамнеи.
Изборите се совпаѓаат со ескалацијата на регионалните тензии поради војната меѓу Израел и проиранските милитантни групи Хамас во Појасот Газа и Хезболах во Либан, како и зголемениот притисок на Западот врз Техеран предизвикан од забрзаниот напредок на иранската нуклеарна програма, забележува Ројтерс.
Иако изборите не се очекува да донесат значителни промени во иранската политика, аналитичарите велат дека нивниот исход може да влијае на изборот на наследник на Хамнеи, 85-годишниот ирански врховен верски водач кој е на власт од 1989 година.
It is not allowed to use the contents without prior approval from @Makedonija.uk
|