Македонија со злато и сребро на Светското училишно првенство во ракомет
Нашите надежи освоија медали на историскиот настан кој првпат се одржа во нашата држава.
Published on 28.04.2026 | sport | Reads: 127
Светското училишно првенство и официјално е затворено, а Македонија има причина да биде горда. Нашите надежи освоија медали на историскиот настан кој првпат се одржа во нашата држава. Организатор беше Федерацијата на училишен спорт на Македонија, предводена од Елена Мицковска, која донесе ракометари од целиот свет во Скопје.
Круна на првенството се нашите кадети и кадетки – Македонија освои златен медал во машка и сребрен во женска конкуренција.
Ова е историски успех во екипен спорт и силен поттик за вложување во младите, кои се иднината на спортот.
It is not allowed to use the contents without prior approval from @Makedonija.uk
|